Ако добро сум сфатила,
да се земе бугарски пасош подразбира
и дека тврдите
(и го поткрепувате своето тврдење со документи),
па и потпишувате дека
вашите предци (родители, баба, дедо, прабаба, прадедо)
се Бугари.
Како тоа, во актуелната ситуација,
некои ликови од политичката сцена
сметаат дека е неважно и безопасно?
Особено за активни политички чинители?
Треба ли да се повторува дека нашите соседи го негираат нашето постоење, нашата историја, култура и јазик, со долгорочен план и стратегија за асимилација и апропријација на Македонија, Македонците и сè македонско?