Надворешната канцеларија за криминалистички работи Крива Паланка поднесе кривичнa пријавa против М.Д.(27) од Куманово, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „загрозување на сигурноста“, соопшти МВР.
Како што соопштија од МВР, против кумановецот е поднесена кривична пријава бидејќи се заканувал со моторна пила и се обидел да удри шумски полицаец.
– На 17.07.2023 во атар на с.Герман, кривопаланечко, додека шумски полицајци вршеле контрола и констатирале неправилности при превоз на дрва, пријавениот со моторна пила им се заканил, по што со возило се обидел да удри шумски полицаец, се наведува во полицискиот билтен.