Награда за млади квантитативни умови: „Славица Тодоровска”

Награда-за-млади-квантитативни-умови-„Славица-Тодоровска.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Здружението за истражување и анализи – ЗМАИ објави конкурс за доделување на награда за млади квантитативни умови: „Славица Тодоровска”.



Се повикуваат сите млади да ги поднесат нивните идеи во форма на труд, во кој ќе бидат разработени актуелни општествени проблеми, а во трудот задолжително да има квантитативен дел и анализа.

Право на учество имаат сите државјани на Македонија на возраст до 30 години. Вработените и членовите на извршните органи во ЗМАИ немаат право на учество на овој повик. Доколку трудот бил претходно објавен или спонзориран од друга организација треба да се наведе соодветна референца на датум и место на објава. Еден автор има право да поднесе само еден труд, самостојно или како коавторство, а трудовите се поднесуваат на македонски или на англиски јазик.

Предлог теми (но не ограничувајќи се на истите) кои се опфатени на повикот се: фискални стратегии за одржлив развој, нееднаквост на приходите и економски раст, вработување и динамика на пазарот на труд, економија на климатските промени, образовни и социјални политики, иднината на монетарната политикa.

Краен рок за поднесување: 15 октомври 2023 година.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK