Петровска за протераните руски дипломати: Работеле спротивно на дипломатските правила, сакале да се вмешаат во национални интереси

Петровска-за-протераните-руски-дипломати-Работеле-спротивно-на-дипломатските-правила.jpeg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Во врска со неодамнешните информации за протерани тројца руски дипломати од државата, министерката за одбрана Славјанка Петровска истакна дека тоа се лица кои работеле спротивно на дипломатските правила и сакале, како што рече да се вмешаат во стратешки национални интереси на нашата држава.



Стратешката цел на државата е членство во НАТО и ЕУ и секој кој ќе се обиде да го попречи тој пат не може да биде пријател на државата, истакна Петровска на прес-конференцијата со словенечкиот министерот за одбрана, Марјан Шарец.

„Армијата и Министерството за одбрана се безбедни и имаат развиено систем на заштита од било какви влијанија вклучително и на вакви злонамерни. Тоа се сите оние влијанија за кои сметаме дека се спротивни на нашите стратешки и национални интереси. Следствено на тоа сакам да ја поздравам и работата не само на военото разузнавање, туку и на другите безбедносно – разузнавачки служби, кои очигледно добро си ја работат својата работа. Закана од таков тип директно кон припадници на министерството или на Армијата не сме детектирале“, порача Петровска.

Петровска појасни дека секој што сака да го попречи европскиот пат на државата не може да биде пријател.

„Нашиот пат, патот на државата не само на оваа Влада, туку на државата во целина е многу јасен и многу пати досега сме изјавувале дека наша стратешка цел е членството во НАТО и ЕУ и секој еден кој ќе се обиде да го попречи тој пат не можеме да го сметаме за пријател, особено не ако тоа сака да го направи преку мешање во работата на институциите или кои било други субјекти во нашата држава“, истакна Петровска.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK