Полициски службеници на СВР Тетово-Одделение за внатрешни работи Гостивар, вчеравечер околу 22 часот, по претходна пријава, во парк на улица „Живко Брајковски“ во Гостивар пронашле малолетно дете кое спиело на една од клупите, извести СВР Тетово.
Детето било од Скопје и во присуство на претставници од Центарот за социјални работи Гостивар било предадено на неговата баба.