Повеќе од 350 германски полицајци рано утринава извршија рации низ Германија во врска со криумчарење мигранти.
Рациите се фокусирани на градови и населени места во северна и западна Германија, како и во Баварија на југ, објави германската новинска агенција дпа.
Уапсени се пет лица, а во објектите во кои упаднале затекнале мигранти без дозвола за престој.
Рациите ги нареди федералната полиција поради сомневања за организиран шверц на странци.