Почина Весна Крстева – новинар и главен и одговорен уредник во националното радио „Канал 77“

Почина-Весна-Крстева-–-новинар-и-главен-и-одговорен-уредник.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Почина Весна Крстева, новинар и главен уредник на „Канал 77“.


Нејзините колеги од националното радио Канал 77 напишаа: Имаше само 57 години, 28 години плодна радиска кариера, која траеше се до петокот, 15 септември, кога, и самата не знаејќи, се одјави со своите последни вести на националното радио. На уредничкото место беше 13 години.

„Ова се голи факти за Весна, но секој кој ја познаваше лично, знаеше дека беше најпозитивниот човек, насмеана дури и во најтешките моменти. И ова не е фраза. Избираше да го гледа доброто кај луѓето, така и живееше. Свртена кон своите професионални обврски и желбата за што подобра иднина на семејството, кон своите две деца, кои пораснаа во прекрасни личности“, стои во напишаното од нејзините колеги од „Канал 77“.

Весна Крстева беше дел од штипскиот и македонскиот новинарски еснаф.

Колегите ќе ја паметат по позитивната енергија, професионалноста да се постави вистинското новинарско прашање, но и да помогне на младите колеги.

Погребот е утре 27 септември, во капелата од 12 до 13 часот на Градските гробишта, по што ќе се одржи комеморација во радиото Канал 77 во Штип.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK