Метју Колвил и Џејмс Тејлор се обожаватели на познатата британска серија „Сплетки“ ( Only Fools and Horses), а за ноќно излегување со пријателите се дотераа како Дел Бој и Родни. И сите се согласуваат дека изгледаат речиси идентично како популарното дуо.
Во видеото споделено на социјалната мрежа ТикТок, може да ги видиме Метју и Џејмс како одат по улица и изгледаат идентични како ликовите од серијата.
Видеото брзо стана популарно и Метју објасни зошто тие всушност решиле да се облекуваат како популарните браќа. Имено, тој си организирал патување за себе и за пријателите инспирирано од божиќната епизода на серијата, а нивните пријатели им предложиле да се дотераат како Дел Бој и Родни.
@dannyboy869 #onlyfoolsandhorses #delboy #rodney ♬ original sound – That Widowed Guy
„Нарачав сè преку Интернет, џемпер, палто, накит… Кога се погледнав во огледало, помислив дека изгледам одлично. Дури и моите родители мислеа дека сум Дел Бој”, рекол Метју.
За видеото е одговорен нивниот пријател Даниел кој го објавил на социјалните мрежи. По објавеното видео, Метју и Џејмс се приклучија на групата имитатори на ликовите од „Сплетки“.
„Ја сакам „Сплетки“. Ги сакав уште од мал, комедијата, приказната, ликовите”, рекол Метју, кој го имитира Дел Бој.