Некои од осомничените за копање на тунелот до депото на Вишиот суд во Подгорица избегале на 11 септември во автобус кој сообраќал на релација Подгорица-Сараево преку граничниот премин Шчепан Поље, пишува подгорички Вијести. Порталот наведува дека други ја поминале границата кај Добраково.
Дека побегнале преку граница утврдиле обвинителството и полицијата при истрагата за кражбата на докази од депото на Вишиот суд во Подгорица, откриена на 11 септември во утринските часови.
🔴Vlada Crne Gore objavila je fotografije tunela koji vodi do Višeg suda.
🔴Tunel koji vodi do depoa Višeg suda vodi iz stana koji se nalazi u zgradi preko puta u pješačkom dijelu Njegoševe ulice.#podgorica #visisud #crnagora #rtcg #hronikacg pic.twitter.com/wfBevQasZv
— RTCG (@RTCGme) September 13, 2023
На 18 септември, црногорскиот министер за внатрешни работи Филип Аџиќ одржа прес-конференција на која зборуваше за деталите за апсењето и локацијата на оние кои учествуваа во копањето на тунелот до Вишиот суд во Подгорица.
Аџиќ рече дека во операцијата на копање тунел учествувале српските државјани Милан Марковиќ (1970), Вељко Марковиќ (1991), Дејан Јовановиќ (1993), Владимир Ервиќ (1991). За време на конференцијата министерот спомна дека тоа е дело на мафијата.
„Тоа е еден од најголемите удари врз институциите на системот и чудно е што сме изненадени што такви работи постојат во Црна Гора кога знаеме дека на чело на судството имало луѓе кои организирале криминални групи и дека во рамките на Полициската управа имаме неколку службеници кои учествувале во криминални активности“, рече Аџиќ, пренесува РТЦГ.
Вијести пишува дека се уште не е јасно кој од четворицата осомничени на кој граничен премин преминал. Црногорскиот министер рече дека во овој чин учествувале уште најмалку пет лица.
„Не го копаа сите тунелот. Некои беа логистика, а некои даваа друг вид помош“, рече Аџиќ.