„Фолклорно-класична симбиоза“, музичко-сценски спектакл на на НУ Национална опера и балет и НУ Танец

„Фолклорно-класична-симбиоза-музичко-сценски-спектакл-на-на-НУ-Национална-опера-и.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

На сцената на Националната опера и балет на 27 септември 2023 со почеток во 20.00 часот ќе се одржи ексклузивен настан, „Фолклорно-класична симбиоза“, музичко-сценски спектакл на на НУ Национална опера и балет и НУ Танец.


За прв пат во македонската понова историја, Танец и Националната опера и балет ќе прозвучат заедно, со повеќе од 130 учесници на сцена, во заедничка изведба на симфонизираните антологиски кореографии „Осоговка“, „Малешевка“, „Жетварка“, „Пиринско пролетно цвеќе“, „Водарки“, како и многу други македонски орски и вокални мелодии од богатиот репертоар на Танец. Концертот ќе се одвива под диригентската палка на маестра Бисера Чадловска, концерт-мајстор е Верица Ламбевска. Настапува оркестарот, хорот и играорниот кор на НУ Танец, како и оркестарот и хорот на НУ Национална опера и балет.

Фолклорно-класична симбиоза е проект замислен како музичка фузија на две различни традиции – класиката и фолклорот, вешто преточена во новите аранжмански партитури на Дарко Илиевски (истакнат инструменталист, автор и раководител на оркестарот на Танец). Македонската јавност и македонската музичка култура во целост, ќе добијат уште едно комплексно дело со врвен уметнички израз, кое на достоинствен начин го чува и унапредува македонското музичко творештво.

ПРОГРАМА:

ОСОГОВКА
(Д. М. Алексов – Ѓ. Димчевски)
ВОДАРКИ
(Б. Велевски / Д. М. Алесков – Ѓ. Димчевски)
КАРАВЛАШКО ОРО
(К. Петровски – ар. Д. Илиевски)
ЧЕТВОРКА
(П. Атанасовски – ар. Д. Илиевски)
ПИПЕРКОВО ОРО
(Т. Огненовски – ар. Д. Илиевски)
МАЛЕШЕВКА
(Ј. Блажевски – С. Митев / В. Терзиски)
КОГА СЕ МАЖЕШЕ, ШТО ТИ СЕ ЧИНЕШЕ
(народна – ар. Д. Илиевски)
СВИТА ВО 12/8
(сплет народни песни – ар. Д. Илиевски)
ЖЕТВАРКА
(Д. М. Алексов – Ѓ. Димчевски)
АЈДЕ БОЛНО ЛЕЖИ МОЈТО ЛИБЕ
(народна – ар. Д. Илиевски)
ДРАЧЕВКА
(народно оро – ар. Д. Илиевски)
ПИРИНСКО ПРОЛЕТНО ЦВЕЌЕ
(С. Каранфилов – С. Костовски / К. Зифовски)

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK