Времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен, наместа повремено засилен ветер претежно од североисточен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 9 до 18, а максималната ќе достигне од 25 до 30 степени.
Во Скопје сончево со умерена облачност и со слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 14, а максималната ќе достигне до 28 степени.
Следува период на променливо облачно време со сончеви периоди. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северен правец, а температурите ќе бидат во рамките на просечните за овој период од годината.