Тренчевска: Ќе се залагаме за еднаков пристап на лицата со попреченост во сите населени места во државата

Тренчевска-Ќе-се-залагаме-за-еднаков-пристап-на-лицата-со.jpeg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска официјално го означи почетокот на работа на сензорната соба во склоп на Центарот за лица со интелектуална и телесна попреченост во Битола. Сензорната соба која е дел од дневниот центар има за цел да ја потпомага стимулацијата на сетилата за слух, вид, допир, мирис и воедно влијае на развојот на фината моторика. Опремувањето на собата е поддржано од страна на Невладината организација „Деца од Австрија“ и Компанијата „Интервокс“ кои заедно учествуваа во опремувањето.


„Уште еднаш се покажа дека заедничката работа и вклученоста на сите чинители во општеството, невладиниот сектор, бизнис секторот и Владата преку своите институции, дава најдобри резултати од кои директна придобивка имаат граѓаните“, рече Тренчевска.

Ги истакна и политиките и мерките кои Владата ги донесе во изминатиот период, а се однесуваат на лицата со попреченост. Таа истакна дека со покачувањето на правото за попреченост за 14,2% и правото за посебен додаток од 30 % директно се придонесе кон подобрување на квалитетот на живот на лицата со попреченост. Таа додаде дека покрај материјалните права министерството работи и на услуги и дека тоа на дело се покажува со воспоставувањето на дневни центри, помош и нега во домот, лична асистенција и образовни асистенти.

На крај министерката посочи дека министерството ќе продолжи да се залага за воспоставување на еднаков пристап на лицата со попреченост во сите услуги во сите населени места во државата.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK