Гевгеличанец осомничен за двојно убиство: ги убил брата си и снаата

Гевгеличанец-осомничен-за-двојно-убиство-ги-убил-брата-си-и.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Вчера во Гевгелија се случило двојно убиство, информира Министерството за внатрешни работи.


„Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гевгелија изврши увид на лице место. Според првичните информации, мотивот за двојното убиство се нарушени меѓусебни односи на двајцата браќа, кои кулминирале заради банална расправија во врска со работи на заедничката куќа. Сторителот е лишен од слобода и во текот на денот ќе следи постапка“, велат од Обвинителството.

Шеесет и деветгодишниот В.Г. од Гевгелија се сомничи дека вчера вечерта ги усмртил брата си, 71-годишниот Л.Г. и снаата, 62-годишната Т.Г..

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK