Потребно е гаснење на малигниот пожар кој има за цел проширување и во регионот, порачува Ахмети за случувањата на Косово

Потребно-е-гаснење-на-малигниот-пожар-кој-има-за-цел.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Претседателот на ДУИ, Али Ахмети преку напис на социјалните мрежи нападот во Косово го оквалификува како серизона провокација и според него истиот може да има и регионални последици.


„Убиствениот напад врз Косово и полицијата во земјата е напад врз мирот, стабилноста и безбедноста на целиот регион“, пишува Ахмети.

„Најостро го осудувам нападот на косовската полиција и убиството на полицаецот како и ранувањето на други лица утринава на северот на Косово“, додава лидерот на ДУИ.

Таквата како што ја нарекува сериозна провокација, според него е намерна со однапред одредена агенда, затоа, порачува дека треба да се управува со ладнокрвност и мудрост бидејќи последиците може да бидат регионални врз мирот и стабилноста.

„Овие случувања се неприфатливи и координацијата и соработката со меѓународната заедница, гарантирајќи го мирот и независноста на Косово, е неопходна и итна.
Потребна е итна акција за гаснење на малигниот пожар кој има за цел проширување и вклучување на регионот.
Изразувам искрено сочувство до семејството на жртвата и брзо закрепнување на повредените“, пишува Ахмети на Фејсбук.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK