Деветмина загинати и над 100 повредени во пожар во фабрика за производство на топчиња за голф во Тајван

Деветмина-загинати-и-над-100-повредени-во-пожар-во-фабрика.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Девет лица загинаа во пожар во фабрика за производство на топчиња за голф во Тајван, соопштија локалните власти. Меѓу загинатите четворица се пожарникари.



Во пожарот, кој избувна за време на викендот, повредени се повеќе од 100 луѓе, главно работници, изјави владата на округот Пингтунг, во јужниот дел на Тајван.

Едно лице се уште се води како исчезнато, додека потребни се дополнителни тестови за да се идентификуваат телата пронајдени на местото на пожарот. Тајванскиот претседател Цаи Инг-вен го посети местото на пожарот и повика на истрага.

Претставник на противпожарната служба за локалните медиуми изјавил дека пероксидот пронајден во фабриката можеби го предизвикал пожарот во кој се урнал дел од покривот на фабриката.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK