Вицепремиерот Битиќи во посета на Вашингтон, ќе оствари средби со директори на ММФ, Светска банка

Преку Законот за финансиската поддршка на инвестициите од 2018 до 2022 година со 57 милиони поддржавме 630 компании, кои инвестираа над 340 милиони евра
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Заменик-претседателот на Владата, задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи, престојува во Вашингтон каде денес и утре ќе оствари низа средби.


Вицепремиерот Битиќи денес ќе оствари средба со извршниот директор на Меѓународниот монетарен фонд, Пол Гилберс, а потоа во текот на денот ќе се сретне и со извршниот директор на Светска Банка, Кун Дејвидсе, известуваат од Владата.

Во Департментот за финансии на САД, вицепремиерот Битиќи ќе оствари средба и со Брајан Мекколи, заменик помошник секретар за Европа и Евроазија и Ендру Феир, помошник секретар за безбедност на инвестиции во Департментот за финансии.

Денес на агендата на вицепремиерот Битиќи е и средбата со Џафри Пајат, помошник државен секретар за енергетски ресурси во американскиот Стејт департмент.

Во вторник, на агендата на вицепремиерот Битиќи е состанокот со претставници од ACEBA, Американско – Централноевропската бизнис асоцијација и средбата со Дејвид ДеФалко, заменик помошник секретар за Европа и Евроазија во Департментот за трговија, се додава во соопштението на Владата.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK