Косовската полиција денеска соопшти дека, според последните информации, во размената на оган загинал еден од вооружените напаѓачи.
„Одговарајќи на новонастанатата ситуација и околности, косовската полиција затвори за сообраќај два премина на север (Јариње и Брњак) од безбедносни причини и ги повика сите граѓани да ги користат другите сообраќајни точки и да избегнуваат движење во тој регион“, соопшти косовската полиција. .
Како што се наведува во соопштението, состојбата во атарот на селото Бањска се’ уште е тензична, а како што тврди косовската полиција, „криминални групи одвреме-навреме ги напаѓаат полициските единици на терен“.
Косовската полиција наведува дека станува збор за „професионални напаѓачи, маскирани и униформирани во различни униформи, вооружени со тешко оружје, гранати, воени и оклопни возила“ кои користат „разни приватни простори и објекти, вклучително и просторот околу манастирот Бањска, за движење, наоѓање засолниште и позиции за гаѓање на единици на косовската полиција“.
Косовскиот премиер, Албин Курти претходно на социјалните мрежи објави фотографии од напаѓачите и ја обвини Србија.
The murder & violence in the north is being perpetrated by these men—armed & organized professional forces in armored vehicles with no license plates. Let me restate: It is not ordinary Kosova Serb citizens but Serbian-state supported troops perpetrating these terrorist attacks. pic.twitter.com/2ipXu5rgFF
— Albin Kurti (@albinkurti) September 24, 2023