СДСМ: Мицкоски е бледа копија на Груевски, распадот на ДПМНЕ е поради суети и големо внатрешно незадоволство

СДСМ-Мицкоски-е-бледа-копија-на-Груевски-распадот-на-ДПМНЕ.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Расколот, внатрешните проблеми, со еден збор распадот на ДПМНЕ не е заради вредности туку заради суети и големо внатрешно незадоволство, велат од СДСМ преку соопштение.


„Мицкоски да не ја меша СДСМ во меѓусебните пресметки и сам да си ги решава кавгите.

Серијата препукувања, обвинувања и дворски игри во Белата палата покажуваат колку се длабоки внатрепартиските проблеми во ДПМНЕ.

Факт е дека Христијан Мицкоски е бледа копија на Никола Груевски. И неговата политика на блокада на европскиот пат е исто така само копија на оригиналот.

Мицкоски со денови не одговара за барањата за амнестија на негови сопартијци, заради незадоволство токму од него внатре во неговата партија“, се вели во соопштението на СДСМ.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK