Вооружени напаѓачи во Нигерија киднапираа 35 студенти и работници од универзитет во северозападната држава Замфара, изјави портпаролот на гувернерот, пренесе „Ројтерс“.
Според локалните медиуми, студентите биле киднапирани во раните утрински часови.
Според очевидци, напаѓачите, кои биле во голем број, упаднале во студентските домови надвор од кампусот, а киднапираните студенти се претежно жени.
Вооружени банди низ северозападна Нигерија киднапираа илјадници луѓе и убија стотици луѓе во последниве години.