Ердоган со критики до Западот: Не ја игнорирајте Русија, таа не е обична земја

Ердоган-со-критики-до-Западот-Не-ја-игнорирајте-Русија-таа.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Турскиот лидер Реџеп Таип Ердоган ги критикуваше западните лидери за нивниот „негативен однос“ кон Русија и претседателот на земјата, Владимир Путин, поради настаните во Украина, пишува „Блумберг“.


„Се разбира, ние имаме поинаков став. Верувам дека нивните ставови не се точни, бидејќи Русија не е обична земја“, рече Ердоган.

Тој додаде дека Русија е најголемиот производител на жито во светот.

„Сега таква земја не треба да се игнорира. Ќе продолжиме да одржуваме позитивни односи со Русија“, рече Ердоган.

Според медиумот, тој исто така изразил надеж дека Турција еден ден ќе стане центар за испорака на руски гас во Европа.

Претходно на самитот на Г-20 во Њу Делхи, Ердоган ги повика западните лидери да исполнат низа руски услови откако не се договорија со Путин за обновување на договорот за храна. Анкара побара укинување на санкциите против Москва со кои се забранува извоз на руско ѓубриво и руските банки да бидат вклучени во меѓународниот платен систем „Свифт“.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK