35-годишен скопјанец е пронајден починат во пожар, што избувна утрово во стан на ул. Исаија Маџовски во Скопје, велат од МВР за Макфакс.
„На 22.09.2023 во 09.47 часот во СВР Скопје пријавен е пожар во стан на ул. Исаија Маџовски во Скопје. Пожарот е изгаснат од Бригадата за противпожарна заштита, а во опожарениот стан пронајден е починат И.Ј. (35) од Скопје. Смртта ја констатирал лекар од Итна медицинска помош“ соопшти МВР.
Оттаму додаваат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.