Денеска се случи силна експлозија во Севастопол. Не станува збор само за најголемиот град на украинскиот полуостров Крим, кој беше припоен од Русите во 2014 година, туку и клучно пристаниште каде што е сместена руската Црноморска флота.
Севастопол од неодамна често е мета на украински воени беспилотни летала и крстаречки ракети. Според фотографиите и видеата кои денеска се проширија на социјалните мрежи, се чини дека експлозијата се случила токму во пристаништето, каде често се наоѓаат руски воени бродови.
/2. Video from Sevastopol. According to the locals on the video there were missiles flying right over them before the explosion. pic.twitter.com/8MahbiIBd3
— Special Kherson Cat 🐈🇺🇦 (@bayraktar_1love) September 22, 2023
Неофицијалните канали на Твитер, блиски до украинската страна, објавија видео на кое се гледа облак чад, а локалните жители велат дека виделе ракети над градот непосредно пред експлозијата.
💥 Video of the hit pic.twitter.com/slk02aVyPq
— Ukrainska Pravda in English (@pravda_eng) September 22, 2023
Русите потврдија: Погодено е седиштето на Црноморската флота
Најмалку една украинска ракета го погоди седиштето на руската Црноморска флота во Севастопол, изјави локалниот проруски гувернер Михаил Развозаев.