НБРМ: Во август, годишен раст од 10,1% на вкупните депозити и од 6,4% на вкупната кредитна поддршка

НБРМ-Во-август-годишен-раст-од-101-на-вкупните-депозити.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Анализирано на годишно ниво, вкупните депозити се зголемени за 10,1%, како резултат на зголемувањето на депозитите на двата сектора, со малку поизразен придонес на корпоративниот сектор, велат од НБРМ.



Според надлежните, годишниот пораст на кредитите од 6,4% е резултат на растот на кредитирањето кај двата сектора, со поголем придонес на секторот „домаќинства“.

Паричната маса (монетарниот агрегат М31,2), во август 2023 година, се намали за 0,2% на месечна основа, главно поради падот на депозитните пари и готовите пари во оптек, а во помал дел и од долгорочните депозити до две години, во услови на раст нкраткорочните депозити. Анализирано на годишна основа, паричната маса бележи раст од 7,4%, што во најголем дел се должи на повисоките депозитни
пари, како и на краткорочните депозити, при позитивно влијание и на останатите компоненти.

„Во август, вкупните депозити3 остварија месечно зголемување од 0,2% и во целост се објаснува со растот на депозитите на корпоративниот сектор, при пад на депозитите на домаќинствата. Годишниот раст изнесува 10,1%, како резултат на зголемувањето на депозитите на двата сектора, со малку поизразен придонес на корпоративниот сектор“.

Вкупните кредити, во август, се повисоки за 0,3% споредено на месечно ниво во целост поради зголеменото кредитирање на секторот „домаќинства“. Годишниот раст од 6,4% е резултат на растот на кредитирањето кај двата сектора, со поголем придонес на секторот „домаќинства“, информираат од НБРМ.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK