Фудбалерите скокнаа две места на листата на ФИФА, сега се на 66. позиција

Фудбалерите-скокнаа-две-места-на-листата-на-ФИФА-сега-се.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Фудбалската репрезентација на Македонија се наоѓа на 66. место на најновата ранг листа на ФИФА и бележи напредок од две позиции во однос на претходното рангирање.


Ова поради добрите резултати во септемврискиот квалификациски циклус, ремито (1:1) против Италија на домашен терен и победата (0:2) на гости против Малта во квалификациите за ЕВРО 2024.

Од нашата квалификациска група, фаворитите Англија (4.место) и Италија (9.место) се во првата „десетка“, а следниот ривал Украина е рангиран на 24.позиција на ФИФА листата.

На првите три позиции се наоѓаат Аргентина, Франција и Бразил.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK