Вчера во Битола, полициски службеници од СВР Битола го лишиле од слобода 33-годишниот Г.Д. од Битола, извести МВР.
– При претрес во неговиот дом, извршен со наредба од Основен суд Битола, биле пронајдени и одземени три ќеси, односно околу половина килограм марихуана, соопшти МВР.
Лицето било приведено во полициска станица Битола, по што било предадено на судија на претходна постапка, кој му определил мерка притвор.