Башар ал Асад во посета на Кина, прва по речиси 20 години

Башар-ал-Асад-во-посета-на-Кина-прва-по-речиси.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Сирискиот претседател Башар ал Асад денеска пристигна во посета на Кина, со цел да се обезбеди поголема финансиска поддршка од Пекинг за обнова на Сирија.


Тој пристигна во Кина со авион на Ер Чајна, кој слета во 13:15 часот по локално време на аеродромот Хангжу во источна Кина, јави државната телевизија CCTV.

Асад треба да присуствува на отворањето на Азиските игри во сабота, за време на кои кинескиот претседател Шји Џинпинг ќе се сретне со странски лидери.

Башар ал Асад ја остварува својата прва посета на Кина од 2004 година. Тоа беше и прва посета на сириски лидер од воспоставувањето на дипломатските односи меѓу Дамаск и Пекинг во 1956 година.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK