Експлозија на гасовод во Романија, четири лица загинаа

Експлозија-на-гасовод-во-Романија-четири-лица-загинаа.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Четири лица загинаа, а пет се повредени утринава во експлозија на гасовод на градилиште на автопат во источниот округ Вранча во Романија, соопшти владината служба за итни случаи.


Според информациите, пожарот е изгаснат, а повредените се пренесени во болница. И загинатите и повредените во пожарот вршеле градежни работи на градилиштето на автопатот.

Причините за експлозијата се истражуваат, објави Аџерпрес.

Десетици луѓе беа повредени минатиот месец во експлозии на пумпа за течна нафта во романскиот град Креведија, во близина на главниот град Букурешт.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK