„Фолклорно-класична симбиоза“ на сцената на Националната опера и балет на 27 септември

„Фолклорно-класична-симбиоза-на-сцената-на-Националната-опера-и-балет-на.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

На сцената на Националната опера и балет на 27 септември 2023 со почеток во 20.00 часот ќе се одржи ексклузивен настан, „Фолклорно-класична симбиоза“, музичко-сценски спектакл на на НУ Национална опера и балет и НУ Танец.


За прв пат во македонската понова историја, Националната опера и балет и Танец ќе прозвучат заедно, со повеќе од 130 учесници на сцена, во заедничка изведба на симфонизираните антологиски кореографии „Осоговка“, „Малешевка“, „Жетварка“, „Пиринско пролетно цвеќе“, „Водарки“, како и многу други македонски орски и вокални мелодии од богатиот репертоар на Танец.

Концертот ќе се одвива под диригентската палка на маестра Бисера Чадловска, концерт-мајстор е Верица Ламбевска, а хор-мајстор Ѓурѓица Дашиќ. Настапува оркестарот, хорот и играорниот кор на НУ Танец, како и оркестарот и хорот на НУ Национална опера и балет.

Фолклорно-класична симбиоза е замислен како музичка фузија на две различни традиции – класиката и фолклорот, вешто преточена во новите аранжмански партитури на Дарко Илиевски (истакнат инструменталист, автор и раководител на оркестарот на Танец).

Македонската јавност и македонската музичка култура во целост, ќе добијат уште едно комплексно дело со врвен уметнички израз, кое на достоинствен начин го чува и унапредува македонското музичко творештво.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK