ЦУК: Сите 18 пожари на отворено се изгаснати

ЦУК-Сите-18-пожари-на-отворено-се-изгаснати.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Пожари на отворено утрово нема – сите 18 се изгаснати, според информациите од Секторот за операции и координација во Центарот за управување со кризи.


– Противпожарните тимови со целодневен ангажман, некаде и заедно со месното население сите ги изгаснале, велат од ЦУК.

Изгаснатите 18 пожари настанале во сите делови на државата, а во некои општини имало и по неколку пожари на отворено, при што горела сува трева, ниска вегетација, мешана шума, една плевна и гореле и неколку депонии.

Конкретно, пожарите се случиле во: Општина Зелениково, село Орешани, каде што горела ниска вегетација и мешана шума; Општина Аеродром, село Долно Лисиче (ниска вегетација); Општина Сарај, село Бојане (ниска шума и вегетација); Општина Ѓорче Петров, село Никиштане (ниска вегетација); Општина Битола, помеѓу селата Рапеш и Маково (ниска вегетација и шума); Општина Василево, село Василево (ниска вегетација); Општина Ресен, село Долно Дупени (ниска вегетација и плевна); Општина Кривогаштани, село Бела Црква (ниска вегетација и депонија); Општина Василево, кај село Градашорци и бензинска пумпа „Тритерол“ (ниска вегетација) и кај стариот пат село Радичево и село Дукатино (ниска вегетација); Општина Струга, село Долна Белица (ниска вегетација); Општина Желино, село Желино (ниска вегетација); Општина Врапчиште, село Градец (ниска вегетација); Општина Виница, Виница (депонија); Општина Кочани, село Грдовци (ниска вегетација); Општина Карбинци, село Радање (ниска вегетација) и во Општина Куманово, кај село село Бедиње и село Шупли Камен каде што горела ниска вегетација.

Територијалните Противпожарни единици интервенирале и на неколку помали пожари на запалена сува трева во урбаните и населени места, а паралелно со тоа гаснеле и пријавени пожари на објекти во градовите и населените места.

Центарот за управување со кризи апелира граѓаните да се воздржуваат од палење оган на отворено, а ако забележат пожар или, пак, друга опасност по граѓаните, а и по природните и материјаните добра во државата, едноставно да го пријават тоа на Единствениот телефонски број за итни случаи 112 во ЦУК. Потоа ЦУК ги презема активностите со коишто се остваруваат неговите задачи за координација со другите инстисуции во државата, односно со субјектите на Системот за управување со кризи.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK