Руско беспилотно летало удри во автомобил на екипажот на шведскиот канал ТВ4 во регионот Запорожје, пренесува „Украинска правда“.
Репортерот и фотографот не се повредени во нападот. Нападот се случил вчера околу 11:30 часот по локално време. Локалните медиуми посочуваат дека нападот бил извршен и покрај тоа што медиумските работници носеле елеци и шлемови со натписот „ПРЕС“. Автомобилот бил погоден неколку моменти откако тие излегле од него.
Swedish TV Crew! Targeted by #Russian Drone. #RussianWarCrimes https://t.co/cWYiAYtBiX
— 🏴 Stefan Tymkewycz 🇺🇦 (@StefanTymkewycz) September 20, 2023
„Овој пат имавме среќа. Рускиот дрон удри директно во задната врата од нашиот автомобил. За среќа, немаше никој во автомобилот“, рекол репортерот. Во нападот полесно е повреден украинскиот продуцент Олександр Павлов, а ранети се и двајца украински полицајци кои ја придружувале екипата на ТВ4.
Во нападот целосно се уништени автомобилот и опремата за снимање. Во извештајот се наведува дека вработените во ТВ4 планирале да снимаат прилог за украинската контраофанзива.