Искуството на балтичките земји за членство во ЕУ корисно за нашиот процес на преговори

Искуството-на-балтичките-земји-за-членство-во-ЕУ-корисно-за.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Државната секретарка во Секретаријатот за европски прашања и заменичката на главниот преговарач со ЕУ, Дрита Абдиу Халили, денес и утре ќе учествува на работилницата на високо ниво од програмата ТAIEX на Европската Комисија, која се одржува во Вилниус, Литванија.


Абдиу-Халили зеде учество во сесијата на тема: „Напредокот и предизвиците на земјите од Западен Балкан на патот на пристапување кон ЕУ и потребната поддршка“, каде посочи дека стратешката цел на Владата е силно посветена на реализација на обврските и задачите кои ги имаме како држава на патот кон ЕУ и дека со сите расположливи капацитети максимално ќе го искористиме процесот на забрзано пристапување во Унијата.

„Новата методологија на пристапување во ЕУ дава нова надеж. Споделувањето на искуства меѓу земјите кандидатки и земјите кои преговараат е неопходна и многу важна за самиот процес. Проширувањето на ЕУ со нови членки како и развојниот план за Западен Балкан даваат нова динамика и мотив за сите нас да работиме за постигнување на целта и да станеме полноправни членки на Унијата до 2030 година”- кажа меѓу другото Абдиу-Халили.

Во таа насока таа додаде дека ваквите настани со кои се разменуваат знаења, искуства и добри практики, ги зајакуваат врските на соработка помеѓу нашата држава, европските партнери, како и другите земји кои преговараат или се очекува да ги отворат преговорите во блиска иднина.

Целта на овој настан е да се споделат вредни искуства од пристапните процеси на балтичките земји и да се идентификуваат најдобрите практики кои можат да се применат во земјите кои сега преговараат како што е случајот со Северна Македонија и другите земји од Западен Балкан.

На настанот кој е организиран во соработка со Министерството за надворешни работи на Литванија, учествуваат високи претставници од државите членки на ЕУ, главни преговарачи и поранешни главни преговарачи од земјите кои се приклучија на ЕУ во 2004 година, како што се Летонија, Литванија и Естонија, заедно со државите од Западен Балкан кои веќе преговараат: Србија, Црна Гора, Северна Македонија и Албанија. Дополнително, беа присутни претставници од земјите од здружената тројка, вклучително Украина, Молдавија и Грузија, кои се очекува до крајот на годината да ги започнат пристапните преговори со ЕУ.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK