(Видео) Мицкоски да одговори за диловите со Груевски и барањата за амнестија

Видео-Мицкоски-да-одговори-за-диловите-со-Груевски-и-барањата.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Внатрепартиските проблеми во ДПМНЕ очигледно се големи. СДСМ нема намера да се меша во меѓусебната пресметка во ДПМНЕ и анти-ЕУ кампот, истакна Дарко Каевски, портпарол и пратеник на СДСМ.


„Мицковски да не остави надвор од внатрешните поделби и сам да си ги решава кавгите во ДПМНЕ.

Особено што токму Христијан Мицкоски треба да одговори за диловите со Груевски.

Дали на овој начин Мицкоски ги прикрива барањата за амнестија на негови сопартијци, заради незадоволство токму од него?“, прашува Каевски.

Според него, политиката на блокада на Мицковски е само копија на оригиналот и очигледно дека има структури во ДПМНЕ кои не се задоволни од него.

За Никола Груевски, вели тој, нема да има амнестија и ќе биде уапсен во истиот моментот кога ќе стапне во земјава.

„Но, нема дилема дека Груевски сепак е вистинскиот лидер на ДПМНЕ, и затоа Мицковски е толку нервозен.

СДСМ ќе направи се и нема да дозволи Мицковски или кој било повторно да ни ја земе државата како заложник. Заедно со граѓаните и со проевропските политички партии ќе продолжиме да се бориме за европска Македонија додека не ја достигнеме државната цел за членство во ЕУ“, соопшти Каевски.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK