САД и ЕУ повикуваат на дијалог во Нагорно-Карабах: воената ескалација не треба да се користи како изговор за егзодус

САД-и-ЕУ-повикуваат-на-дијалог-во-Нагорно-Карабах-воената-ескалација.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Договорот за прекин на огнот беше постигнат еден ден откога Азербејџан почна нова воена офанзива против локалната власт во Нагорно-Карабах, при што американски и европски претставници повикаа на дијалог за решавање на отворените прашања меѓу Баку и етничките Ерменци во Нагорно-Карабах, пишува „Ројтерс“.


Американскиот државен секретар, Ентони Блинкен, во вторникот разговараше со претседателот на Азербејџан, Илхам Алиев, и го повика да ги прекине воените дејствија во Нагорно Карабах.

„Секретарот истакна дека нема воено решение и oти страните мора да го продолжат дијалогот за решавање на отворените прашања меѓу Баку и етничките Ерменци во Нагорно-Карабах“, се вели во соопштението на портпаролот на американскиот Стејт департмент.

Блинкен, исто така, „истакна дека претседателот Алиев изразил подготвеност да ги запре воените дејствија и да се сретне со претставниците на Азербејџан и народот на Нагорно-Карабах и ја истакна потребата од итна имплементација“.

Висок американски дипломат, исто така, издаде изјава во која нагласи дека Вашингтон е „длабоко загрижен за воените дејствија на Азербејџан“ и дека потезите на Баку „ја влошуваат и онака лошата хуманитарна ситуација во Нагорно-Карабах и ги поткопуваат изгледите за мир“.

Во меѓувреме, канцеларијата на Алиев објави во соопштение за печатот дека азербејџанскиот лидер му рекол на Блинкен „дека мерките против тероризмот ќе бидат запрени доколку се положи оружјето и се разоружа“.

Блинкен разговараше и со ерменскиот премиер Никол Пашинјан и рече дека САД „целосно го поддржуваат суверенитетот, независноста и територијалниот интегритет на Ерменија“.

Високиот претставник на ЕУ за надворешни работи Жосеп Борел, исто така, се состана со ерменскиот министер за надворешни работи Арарат Мирзојан и го повика Азербејџан да ги прекине воените активности.

„Европската унија ја осудува воената ескалација долж линијата на контакт и на други места во Карабах“, рече Борел во изјавата во вторникот.

„Постои итна потреба да се врати дијалогот меѓу Баку и Ерменците од Карабах. Оваа воена ескалација не треба да се користи како изговор за принудување на локалното население да си замине“, рече тој и додаде дека „ЕУ останува целосно ангажирана во олеснувањето на дијалогот“.

По состанокот со највисокиот дипломат на ЕУ, Мирзојан рече дека меѓународните партнери „треба да преземат итни мерки“.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK