Документарна серија за поранешниот фудбалски ас Дејвид Бекам наскоро ќе почне да се емитува на „Нетфликс“.
Стриминг-платформата во вторникот го објави првиот официјален трејлер.
Серијата ги следи подемите и падовите во животот на Бекам – и како глобална спортска ѕвезда и како глава на едно од најпознатите славни фамилии.
Документарецот, насловен „Бекам“, има четири дела и говори за глобалната фудбалска ѕвезда и културна икона. Дејвид Бекам е едно од најпознатите имиња на планетата, но малкумина знаат кој е тој навистина, велат од „Нетфликс“.
„Од неговите скромни почетоци во работничка класа во источен Лондон, неговата желба и решеност за победа и, битката да најде рамнотежа помеѓу амбицијата, љубовта и семејството, неговата приказна е приказна за огромни подеми и падови,“ вели стриминг-гигантот.
„Бекам“ пристигнува на 4 октомври.