Фудбалерите на Милан не успеаја да забележат победа во првото коло, во Лигата на шампионите. Вчера на „Сан Сиро“, Милан одигра 0:0 против Њукасл.
Вистинско чудо е како играчите на Милан испуштија два бода против „страчките“. Упатија 25 удари кон голот на Њукасл. Она што одеше во голот успеа да го одбрани Поуп, а еднаш од гол линијата топката ја исфрли Ботман.
Рафаел Леао во првиот дел имаше добра шанса, ја измеша одбраната на Њукасл, а потоа се обиде атрактивно да постигне гол.
„Се изненадив кога видов што направи, очекував од таа позиција да ја скине мрежата. И Жиру еднаш се обиде со ножички наместо да ја удри топката со глава“, изјави по мечот тренерот на Милан, Стефано Пиоли.
Милан во второто коло ќе гостува во Дортмунд, а Њукасл ќе го пречека ПСЖ.
https://topsport.mk/wp-content/uploads/2023/09/m2-res_720p.mp4