Денес започнува одбележувањето на 30 години од германско-македонските дипломатски односи, по кој повод, пијанистите Арда Мустафаоглу и Леви Шехтман, премиерно во Камерната сала на Македонската филхармонија во Скопје, ќе го претстават проектот насловен „88 димензии“.
На концертот ќе се презентираат современите музички трендови, при што ќе се изведуваат класични музички дела со посредство на компјутерски генерирани ритми. Овој проект претставува еден вид на симбиоза помеѓу традиционалното и современото, со единствена цел – да ги обедини постарата и помладата публика во заедничко уживање на убавините на класичните дела.
Леви Шехтман е еден од најпопуларните пијанисти кај германската и светската млада публика и не случајно е заштитно лице на пијаната од брендот „Bechstein”. Тој непрекинато го бранува интернетот со својот уникатен спој на класична музика и хип-хопот, така што ги комбинира пијаното кој е инструмент со најголема комплексност и новите технологии, во создавањето на посебни модерни ритми и мелодии.
Арда Мустафаоглу, кој е миленик на македонската публика и публиката ширум Европа ги носи критиките за неговиот исклучителен и специфичен стил на интерпретација. Забележителна карактеристика на неговата изведба е контактот кој го остварува со публиката на еден, за него својствен суптилен начин.