Путин оди кај Џјинпинг во Пекинг: втора средба на рускиот и кинескиот лидер оваа година

Путин-оди-кај-Џјинпинг-во-Пекинг-втора-средба-на-рускиот.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Претседателите на Русија и Кина, Владимир Путин и Шји Џјинпинг ќе се сретнат во октомври во Пекинг, кога ќе имаат детални билатерални разговори во рамките на учеството на меѓународниот форум „Појас и пат“, изјави денеска секретарот на Советот за безбедност на Русија Николај Патрушев.


На средбата со кинескиот министер за надворешни работи Ванг Ји во Москва, Патрушев рече дека Русија и Кина имаат еднакви или блиски ставови за фундаменталните прашања на современиот светски поредок и клучните меѓународни проблеми, пренесува РИА Новости.

„Зборуваме и за фундаменталниот принцип на еднаква и неделива безбедност“, изјави Патрушев и посочи дека Москва го поддржува Пекинг за прашањата на Тајван, Ксинџијанг, Тибет и Хонг Конг.

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, минатата недела изјави дека е можно Путин да се сретне со Џјинпинг пред крајот на годината.

Лидерите на Русија и Кина последен пат се сретнаа во Москва во март.

Тоа беше прва посета на Шји во странство откако беше реизбран за претседател.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK