Бугарското Министерство за одбрана денеска соопшти дека испратило специјална единица која треба да го прегледа и деактивира беспилотното летало со експлозив што вчера вечер слета во црноморскиот град Тјуленово.
Туристичкиот град Тјуленово се наоѓа на 70 километри од романската граница.
Локалните медиуми објавија дека дронот бил долг меѓу 3 и 3,5 метри и дека на него бил прикачен контејнер со експлозив.