„Отпадникот“ од Манчестер јунајтед, Мејсон Гринвуд се врати на фудбалските терени, дебитирајќи како замена за тимот на Хетафе, кој стигна до драматична 3:2 победа над Осасуна во меч од петтото коло во шпанската Ла лига.
Гринвуд беше пратен на позајмица во клубот од мадридските предградија откако во Јунајтед му порачаа дека нема да игра за нив, и тој најде уточиште во Шпанија.
Стефан Митровиќ ги донесе домаќините во водство во 36. минута, но на полувреме се отиде со 1:1 откако Икер Муњоз израмни во 45. минута. Хозе Кармона во 51. минута пак донесе водство за Хетафе, а Осасуна пак израмни во 57. минута Анте Будимир со гол од пенал. Гринвуд влезе во игра во 77. минута, за девет минути подоцна Немања Максимовиќ да го постигне победничкиот гол за домаќините, за кои ова е втора победа во пет меча.
Mason Greenwood makes his debut for Getafe 👏👏👏👏👏 pic.twitter.com/4VSw4A3EV1
— UDS SHATTA WALE (@StonelessA) September 17, 2023
Standings provided by Sofascore