Интер го декласира градскиот ривал Милан со 5:1 во „Дерби дела Мадонина“. Миланската пресметка понуди многу возбуда, шест гола, а голманот на Милан, Мајк Мањан дури петпати ја вадеше топката од мрежата.
Хенрик Мхитарјан во петтата минута донесе водство, а Маркус Турам зголеми на 2:0.
Надеж за Милан даде голот на Рафаел Леао во 57.минута, но Мхитарјан со својот втор гол ги разреши дилемите околу победникот.
До крајот, Хакан Чалханоглу од пенал зголеми на 4:1 во 79.минута, а шлаг на тортата постави Давиде Фратези со петтиот гол за Интер во 93.минута.