Кривична пријава за обид за убиство, приведен маж од Арачиново

mvr
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

На 15.09.2023 полициски службеници од  Единицата за насилен криминал при СВР Скопје го лишиле од слобода Ф.А. (33) од Арачиново поради основано сомнение дека на 11.09.2023 околу 02 часот во Скопје, на подрачјето на Аеродром, ги нападнал со остар предмет В.С. (30) и М.Н. (38) од Скопје и им нанел повреди.

Денеска (16.09.2023) од страна на ЕНК при СВР Скопје до ОЈО Скопје е поднесена кривична пријава по брза постапка против Ф.А. за сторено кривично дело „убиство во обид“, по член 123 в.в. 19 и „насилство“ по член 386 од КЗ, и во текот на денот тој ќе изнесен пред Судија на претходна постапка.


Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK