Ферари и вторпат најбрзи на тренинзите во Сингапур, Ферстапен само осми

Ферари-и-вторпат-најбрзи-на-тренинзите-во-Сингапур-Ферстапен-само.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Ферари ја задржаа предноста и на вториот тренинг пред Сингапур ГП трката, откако Карлос Саинс Јуниор беше побрз од неговиот колега Шарл Леклер, додека светскиот шампион и апсолутен лидер во генерален пласман, Макс Ферстапен во Ред бул беше само осми по проблемите со контролата на болидот.


Саинс беше за само 0.018 секунди побрз од Леклер, додека третото место го освои Џорџ Расел во Мерцедес, пред Фернандо Алонсо (Астон Мартин), Луис Хамилтон (Мерцедес) и Лендо Норис (Мекларен).

Серхио Перез беше седми пред својот колега Ферстапен, а и двајцата возачи се пожалија на проблеми со стабилноста на болидот при сопирање. Кевин Магнусен беше деветти за Хас, а Валтери Ботас за Алфа Ромео го комлетираше топ 10.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK