Македонски Телеком доби награда за својата посветеност во сферата на општествената одговорност за иницијативата „Заедно за интернет без омраза“. Наградената иницијатива е дел од партнерството помеѓу УНИЦЕФ и Фондацијата „Телеком за Македонија“ чијашто цел е да ги вклучи децата и младите во справувањето со еден од најголемите предизвици со кои се соочува нивната генерација – говорот на омраза на интернет. Престижната награда ја доделија Американската стопанска комора во Северна Македонија (AmCham) и Конект во рамките на проектот на УСАИД „Партнерства за донирање“.
„Горди сме на ова признание коешто ја потврдува нашата посветеност на еднакво и етичко дигитално општество. Како овозможувачи на дигиталниот свет, ние имаме обврска да бидеме дел од борбата против омразата на интернет, но и да ги поттикнеме и вклучиме младите, да им дадеме глас. Тоа е нашата стратегија и причината поради која ја почнавме оваа иницијатива заедно со нашите партнери УНИЦЕФ. Верувам дека допревме и инспиравме многу млади луѓе.“ – изјави Никола Љушев, Главен извршен директор на Македонски Телеком.
Иницијативата има иновативен пристап со тоа што им дава глас на децата и младите самите тие да бидат креатори на промената. Триесет млади учествуваа на работилници и, заедно со професионалци од различни области, креираа кампања којашто вклучува над дваесет видеа за социјалните медиуми под слоганот „Збогум на булингот“.
„Заедно за интернет без омраза“ ја носи и ознаката #GoodMagenta, којашто ја доделува Дојче Телеком за проекти, мерки и иницијативи со позитивен придонес кон социјалните и општествените предизвици во дигиталниот свет. Мисијата за побезбеден интернет простор е дел од агендата ESG на Македонски Телеком со која тој се стреми кон премостување на дигиталниот јаз и обезбедување инклузивно дигитално општество и одржливи практики за заштита на животната средина.