Вчера вечер околу 23.50 часот на место викано „Чардак“ на подрачје на Неготино, полициски службеници од Мобилната единица за компензаторни мерки при Одделот за гранични работи и миграции во Биро за јавна безбедност ги лишиле од слобода 23-годишниот А.А. и 29-годишниот Р.Д., двајцата од Неготино, извести МВР.
– При преглед во патничко возило „опел“ кое го управувал А.А. и патничко возило „крајслер“ кое го управувал Р.Д., двете без регистарски таблички, биле пронајдени и одземени огревни дрва без документација. Дрвата и возилата биле одземени за понатамошна постапка, а лицата биле задржани во полициска станица, соопшти МВР.
По целосно документирање на случајот, во координација со јавен обвинител, против двајцата ќе биде поднесена соодветна пријава.