Баста им порача на Курти и Вучиќ: Дојде време да се спроведе Охридскиот договор

Баста-им-порача-на-Курти-и-Вучиќ-Дојде-време-да.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Претседателот на движењето „Европски пат“, Раде Баста, на претседателот на Србија, Александар Вучиќ и на неговиот соговорник во Приштина, Аљбин Курти им порача дека е дојдено време да се исполнат дадените ветувања и да се спроведе она што е договорено од Охридскиот договор, објавуваат српските медиуми.


Во писмената изјава Баста наведува дека и онака односите на Балканот се премногу комплицирани за Охридскиот договор да биде уште еден товар, односно неисполнување на договореното.

Тој им порача на Вучиќ и Курти дека Косово и Србија не се нивна приватна сопственост, па поради различни причини го отежнуваат спроведувањето на договорот од Охрид што го усогласиле пред претставниците на меѓународната заедница.

Требаше да се грижите за тоа што го ветувате, а не сега сите повторно да испаднеме несериозни и да трпиме секојдневни критики од партнерите од Запад и потенцијални последици за неисполнување на ветувањата, рече Баста.

Тој посочи дека Охридскиот договор содржи јасни насоки за двете страни во дијалогот во однос на нормализацијата на меѓусебните односи и посочи дека исполнувањето на договорот е неопходно за Србија да продолжи по европскиот пат, а граѓаните да имаат подобра економска перспектива и јасна европска иднина.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK