Верати го комплетираше трансферот во Ал-Араби

Верати-го-комплетираше-трансферот-во-Ал-Араби.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Италијанецот Марко Верати го комплетираше трансферот во катарскиот клуб Ал-Араби откако беше „замрзнат“ во тимот на Пари Сен-Жермен помина повеќе од една деценија.


30-годишниот Верати потпиша тригодишен договор со Ал-Араби, кои платија 45 милиони евра на Пари Сен-Жермен, за кои не заигра оваа сезона бидејќи беше непожелен од новиот тренер Луис Енрике. Верати освои осум титули во Франција со ПСЖ во 11 сезони.

„Бев горд што бев дел од При Сен-Жермен повеќе од една деценија, каде што играв со толку големи играчи и освоив 30 трофеи. Париз, клубот и фановите секогаш ќе имаат посебно место во моето срце. Секогаш ќе бидам парижанец“, напиша Верати.

Тој се приклучува на серијата ѕвезди кои заминаа од „Паркот на принцовите“ оваа сезон: Лионел Меси, Нејмар, Серхио Рамос, Жоржињо Вајналдум и Леандро Паредес.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK