Поведена постапка по две иницијативи поднесени од Министерството за правда

ministerstvo-pravda
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Почитувани,

Уставниот суд поведе постапка по две иницијативи поднесени од Министерството за правда. Станува збор за предметите У.бр.104/2023 во кој е оспорено Упатството за изменување и дополнување на Упатството за спроведување на одлуката за методологија за управување со ликвидносниот ризик и предметот У.бр.108/2023, во кој е оспорен Правилникот за содржината на студиските програми.


Судот во оваа фаза од постапката изрази сомнеж дека оспорените одредби во двата предмета се во спротивност со Уставот, односно дека е пречекорен уставно пропишаниот рок од седум дена за објавување во „Службен весник на Република Северна Македонија”. Уставниот суд смета дека основано може да се постави прашањето за согласноста на оспорените акти со членовите 8 став 1 алинеја 3, член 51 став  и член 52 став 2 од Уставот.

Во предметот У.бр.104/2023 доносител на Упатството за изменување и дополнување на Упатството за спроведување на одлуката за методологија за управување со ликвидносниот ризик е Гувенерот на Народна банка на РСМ.

Во предметот У.бр.108/2023 доносител на Правилникот за содржината на студиските програми е Националниот совет за виско образование и научно истражувачка дејност.

Во однос на прашањата поврзани со бројот на иницијативи од подносителите Министерство за правда и министер Кренар Лога информираме дека станува збор за 20 оформени предмети во Уставниот суд, од кои 10 се поднесени во текот на месец јули од страна на министерството, а во останатите 10 во август подносител е Кренар Лога.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK