Манчестер јунајтед од новиот спонзор ќе добива 70 милиони по сезона

Манчестер-јунајтед-од-новиот-спонзор-ќе-добива-70-милиони-по.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Манчестер јунајтед соопшти дека договорил повеќегодишна соработка со нов спонзор кој од следната сезона ќе му плаќа рекордни 70 милиони евра по сезона за рекламирање на дресот. Од следната сезона Јунајтед на дресовите ќе носи „Snapdragon“, кој ќе го замени „TeamViewer“.



„Snapdragon“ е мобилен процесор од компанијата „Qualcomm“, со која Јунајтед соработува веќе извесно време, а договорот со американската компанија е најбогат во историјата на фудбалот кога се работи за спонзор на дресот.

„TeamViewer“, го откажа договорот со Јунајтед откако акционерите заклучија дека тоа е „голема грешка“.

Германската компанија му плаќаше на Јунајтед 55 милиони евра по сезона, но реши да го раскине договорот, но ќе остане еден од глобалните партнери на клубот.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK