Елмас преговара со Наполи, но и со други клубови

Елмас-преговара-со-Наполи-но-и-со-други-клубови.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Елиф Елмас има договор со Наполи до 2025 година, но неговиот агент Никола Ѓошевски за „Калчо Наполи 24“ вели дека иако постојат преговори за продолжување на престојот на „Диего Армандо Марадона“, тој зборува и со клубови кои се „многу заинтересирани“ за македонскиот фудбалер од средниот ред.


„Во последно време има многу шпекулации, но вистината е дека само јас и таткото на Елиф сме негови официјални претставници и дека ние сме единствените кои можеме да преговараме за неговата иднина. Можам да потврдам дека преговараме со Наполи за обнова на договорот, но исто така зборуваме и со клубови кои се многу заинтересирани за Елиф. Ќе видиме што ќе донесе иднината“, вели Ѓошевски.

23-годишиот Елмас пристигна во Неапол од Фенербахче за 16.2 милиони евра летото 2019 година и оттогаш има 175 настапи за Наполи со 17 гола и 11 асистенции.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK