Кино за деца и млади во Битола од 13 до 15 септември

It`s movie time vector poster. Cinema background concept with popcorn, 3D glasses, slade in ray of light on purple background.
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Три филмови наменети за детската и тинејџерската публика од 13 до 15 септември ќе се прикажуваат во киното „Манаки“ во Битола во рамките на настанот „Кино за деца и млади“. Станува збор за наслови од европска продукција кои опфаќаат различни теми кои отвораат нови видици на децата во области кои би го задоволиле нивното љубопитство како грижа за животните, проблемите на тинејџерите, другарството и слично.

Првата проекција е закажана за утре во 11 часот со германскиот филм за деца „Рафи“ во режија на Аренд Агте, со дискусија за филмот. Приказната во оваа детска авантура се одвива околу малиот хрчак по име Рафи, куќно милениче на 8-годишниот Семи и подарок од неговиот татко. Рафи ќе се разболи од срце, ќе го украдат, а неговата потрага набрзо ќе стане одисеја на Семи низ големиот град Хамбург.


На 14 септември ќе биде прикажана швајцарската драма „Фамилија“, во режија на Фред Баилиф, кој се фокусира на проблемите на тинејџерите во дом за згрижување деца во Женева во комбинација со дискусија на тема поврзана со филмот.

На 15 септември е закажана проекцијата на драмата „Семи, Џо и јас“, во режија на Карин Хеберлајн, во која едната од главните улоги ја толкува швајцарската актерка со македонско потекло Јана Секуловска.

Влезот е слободен за сите проекции.

Проекциите ги организира продукциската и дистрибутерска куќа „Узенгија“, чиј фокус е дистрибуција на филмови за деца и млади, а во соработка со ЈОУ КИЦ Битола и поддршка од Општина Битола.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK